Дефанзивецот на Барселона, Ињиго Мартинез, заработи повреда на десното колено на вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид и поради тоа ќе биде надвор од составот на Шпанија за претстојното четвртфинале во Лигата на нации против Холандија. На негово место, повикан е дефанзивецот на Борнмут, Дин Хeјсен, кој беше вклучен во тимот на „Фуријата“ од младата репрезенација.
Интересно, ова може да се случи против земјата во која тој всушност е роден – Холандија. До 2024 година Хeјсен настапуваше за младинските селекции на „лалињата“, по што почна да ја претставува Шпанија.
Иниго Мартинез е повикан во националниот тим за прв пат по 2023 година, но ќе мора да чека пред повторно да заигра за Шпанија. Неговата повреда не е сериозна и според „Ас“ ќе пропушти меѓу две и три недели. Искусниот дефанзивец треба да биде на располагање за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.
Местото на Хeјсен во младинската репрезентација ќе го заземе дефанзивецот на Валенсија, Цезар Тарега .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА