Челси бара начин да се „откачи“ од Стерлинг

Екипата на Челси бара начин како да се „откачи“ од Рахим Стерлинг. Играчот кој е позајмен на Арсенал, по завршувањето на сезоната треба да се врати во „синиот“ ден на Лондон. Меѓутоа Мареска нема да смета на него, па тимот ќе бара начин да го продаде.

Стерлинг дојде во Челси во 2022 година од Манчестер Сити, откако претходно беше дел од Ливерпул. Арсенал има опција за да го откупи, меѓутоа тоа нема да се случи, па „топчиите“ ќе го вратат на неговиот тим.

Опција останување во Челси не постои, па затоа има две можности: или нова позајмица, или трајна продажба. Стерлинг во лето ќе има уште две години од договорот, но сигурно е дека нема да ги одработи на „Стемфорд Бриџ“.

Се вчитува...