11 години подоцна судија призна грешка која ја спречи Барселона да дојде до титулата

Судиска грешка на последниот натпревар најверојатно му ја одзеде титулата на тимот на Барселона во шпанското првенство во сезоната 2013/2014. Ова признание дојде лично од поранешниот судија Матеу Лахоз, кој го водеше дербито против Атлетико Мадрид во последното коло од предметниот шампионат. Тој објави дека во тоа време не признал целосно регуларен гол на Лионел Меси .

Споменатиот натпревар се одигра на 17 мај 2014 година заврши 1:1, а Атлети со тоа ја освои титулата во Ла Лига. На Каталонците тогаш им беше потребна задолжителна победа за да стигнат до златото.

Станува збор за ситуацијата во 64. минута кога Меси ја испрати топката во мрежата, но линискиот судија досуди офсајд, оценувајќи дека Фабрегас, кој бил во недозволена ситуација, играл со топката, но подоцна се покажа дека играчот од средниот ред воопшто не бил во контакт со топката, туку дефанзивецот на Атлетико, Хуанфран.

„Погрешив, но тогаш немаше ВАР. Од мојата позиција бев сигурен дека топката го удри Фабрегас. Во тој момент бев подготвен да се обложам дека сум во право. Во овој случај одлуката ја донесе помошникот, но сите сме едно, а јас ја донесов конечната одлука“, рече Лахоз.

Се вчитува...