Легендата на Вест Хам Јунајтед, Мајкл Антонио во декември минатата година преживеа тешка сообраќајна несреќа поради која за него сезоната заврши.
Трисетичетиригодишникот сега се рехабилитира од повредите, а со оптимизам говореше за камбекот на терените.
„Никогаш во животот не сум имал потешка повреда, но одлично оди рехабилитацијата. Лекарите ми велат дека моментално сум два или три месеци пред предвидениот датум за рехабилитација и верувам дека повторно ќе можам да играм фудбал.
Не е лесно, но со оглед на тоа како можеше да заврши ситуацијата се чувствувам дека добивам нова сила. Ми треба уште доста време ногата целосно да ми се излечи на вистинскиот начин“, изјави Антонио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА