Аргентина без Меси на мегдан со Уругвај и Бразил

Лионел Меси не се најде на списокот на фудбалери повикани за настап за репрезентацијата на Аргентина на престојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Уругвај и Бразил.

Фудбалската федерација на Аргентина не наведе причина зошто 37-годишникот нема да биде дел од составот, но се шпекулира дека станува збор за повреда стекната на натпреварот помеѓу неговиот Интер Мајами и Атланта.

Аргентина пред новиот квалификациски прозорец е лидер на табелата со 25 освоени бодови по 12 одиграни натпревари.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...