ПСЖ беше на прагот на срамот, но со голем пресврт обезбеди финале на Купот

Францускиот второлигаш Данкерк имаше убедливо водство од 2-0 против огромниот фаворит ПСЖ, но на крајот беше поразен со 4-2 и така не успеа дан аправи големо чудо и да се пласира во финалето на Купот на Франција. Таму ќе игра, сепак, парискиот клуб кој успеа да се врати од дното и да слави победа.

За 27 минути францускиот првак беше шокиран, откако Данкерк со головите на Сасо и Ал Сад се стекна со 2-0 предност. Дембеле во 45. минута успеа да намали, а само што почна вториот дел Маркињос донесе израмнување.

Дуе во 62. минута го најави пресвртот, за точка на пласманот во финалето донесе Дембеле во четвртата минута од судиското надополнување.

Во второто полуфинале играат Каен против Ремс.

Се вчитува...