Три бода за Лил на гостувањето кај Тулуз

Лил ја продолжи битката за место кое води во Лигата на Шампиони следната сезона откако во 29. коло од Лига 1 го совлада Тулуз со 1-2 во натпревар во кој трите гола беа постигнати во првото полувреме.

Фернандез-Пардо го отвори натпреварот со гол во 21. минута, а изедначувањето на Кресвел стигна во 42. минута. Конечниот резултат го постави Бакер со гол во четврата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Со овој триумф Лил се искачи на четвртата позиција на табелата со 50 освоени бодови, додека Тулуз со 34 бодови останува на 11. место.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...