Де Бруине не сака да игра на клупскиот мундијал: Кој ќе се грижи ако се повредам…

Кевин де Бруине повторно го крена гласот околу згуснатиот распоред, откако Белгиецот јасно стави до знаење дека не сака да игра на претстојниот клупски мундијал што ќе се одржи во САД.

Неговата ситуација е специфична бидејќи има договор со Сити до крајот на месец јуни и би требало да ги игра само трите средби од групната фаза, по што веќе не би можел да настапи. Анхел ди Марија е во слична ситуација, но Аргентинецот потпиша нов договор со Бенфика до крајот на клупскиот мундијал, нешто што Де Бруине не сака да го стори.

„Мислам дека сум во право, морам да се грижам за своето здравје. Ако се повредам на тоа светско клупско првенство, што ќе се случи… кој ќе се грижи за мене во тој период кога треба да се преселам во друг клуб. Постои голема шанса воопшто да не играм на ова натпреварување, но не можам да кажам со сигурност. Јас сум само фудбалер, не ги одредувам правилата, го кажав само мојот став, а ќе видиме што ќе одлучи клубот“, истакна Де Бруине.

Се вчитува...