Арда Туран е нов тренер на Шахтјор Доњецк

Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран, ќе биде новиот тренер на украинскиот гигант Шахтјор Доњецк. Овој тим не успеа да ја освои титулата во Украина, која му припадна на Динамо Киев, и се реши на тренерска смена. Досега тимот го водеше Марино Пусиќ, кој и претходно најави заминување.

Ова е изненадување, со оглед дека Туран нема големо тренерско искуство. Тој од април 2023 година е тренер на Ејупспор, што е прв негов тренерски ангажман во кариерата. Го внесе тимот во најсилната турска лига, и во моментов е шести на табелата со 50 бодови.

Тој веќе се договорил и потпишал договор со украинскиот тим. Ќе има задача да го врати тимот на шампионските патеки, како и да го изнесе во Лигата на шампионите. Следната сезона Шахтјор ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа, а тимот ќе ја заврши сезоната на третата позиција.

Се вчитува...