Иднината на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија е сериозно доведена во прашање откако Португалецот ја одби понудата за нов договор, за неверојатна плата од над 500.000 евра дневна заработувачка за Португалецот.
Тој не крие дека е разочаран што не може да освои трофеј со Ал Наср и веќе почна да разгледува некакви поинакви опции, а последната информација говори дека Роналдо моментно е најблиску до преселба во Мароко, поточно во клубот Видад Казабланка. Преговорите се веќе стартувани, а соработката би била краткорочна, односно Роналдо би потпишал само за да може да настапува на клупскиот мундијал што следниот месец ќе се одржи во САД.
Тој не ја крие желбата да биде дел од овој спектакл, како опции се споменуваа и бразилски клубови, но со новиот пресврт сега Казабланка е лидер во трката по портругалската суперѕвезда.
Тој по завршувањето на клупскиот мундијал повторно би бил без ангажман и би можел да потпише за нов клуб, а останува да се види дали ќе се реши за враќање во Саудиска Арабија или за поинаков предизвик пред крајот на својата неверојатна кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

