Арапите му нудат богатство на Брозовиќ, само за да си замине од Ал Наср

Богатите газди на клубовите во Саудиска Арабија трошеа богатство за да доведат фудбалери од врвните европски клубови, но голем дел од овие засилувања се покажаа како трансфер-промашувања.

Едно од најголемите е Марсело Брозовиќ, Хрватот кој во јули 2023 дојде од Интер во Ал Наср за отштета од 15 милиони евра, но и бонус за потпис во висина од 25 милиони долари за искусниот играч за врска. Слободно може да се каже дека Брозовиќ се покажа како супер-промашување, па не е никакво изненадување што сопствениците на Ал Наср сега бараат начин да се ослободат од Хрватот.

Тој има уште една година од договорот со клубот од Саудиска Арабија, а челниците се подготвени да му платат 9 милиони долари, само за тој да си замине предвреме. Проблемот е во тоа што хрватскиот интернационалец има загарантирани 25 милиони долари за последната година од договорот, па останува да се види дали Брозовиќ ќе ја прифати понудата или ќе реши да остане во Ал Наср и да ги земе сите пари, дури и ако тоа значи греење на клупата на својата екипа.

Се вчитува...