Алкалоид вечерва во 20.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го игра големото финале од ЕХФ Европскиот куп, реванш дуелот со АЕК во кој македонскиот тим влегува со одлични четири гола предност по големата победа во Атина.
Кире Лазаров е „ракометниот ум“ што е најзаслужен за оваа неверојатна европска авантура на Алкалоид, а нашата спортска легенда е на добар пат да испише историја – да стане прв македонски тренер што со македонски клуб стигнал до пехар во европските натпреварувања на ЕХФ.
Кометал ЃП се искачи на врвот на ракометна Европа со Русинот Панов на кормилото, додека Вардар до двете титули стигна со Шпанци на клупата, Раул Гонзалес и Роберто Гарсија Парондо.
„Да бидам искрен, пред неколку дена прочитав за тој податок. Среќен сум и горд, но треба прво да го одработиме овој реванш и да стигнеме до резултатот што сите го посакуваме“, прокоментира Лазаров на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

