Српскиот фудбалер Александар Митровиќ, со хет-трик на својот 100-ти настап за репрезентацијата, донесе лесен триумф против Андора во квлаификацискиот меч одигран во Лесковац.
Србите со тоа дојдоа до четвртиот бод, после ремито без голови против Албанија. Андора не беше достоен противник за нашиот северен сосед, па сосема очекувано Србија го искористи тоа да дојде до лесна победа.
Првиот гол Митровиќ го постигна во 12. минута од средбата на асистенција на Влаховиќ, а потоа во 24. минута со глава погоди по успешно изведен корнер на Живковиќ. Во вториот дел во 52. минута, напаѓачот на Србија од пенал зголеми на 3-0.
Албанија без трите бода се враќа на гостувањето кај Летонија. Ова е голем кикс за Албанците, кои имаа амбиции да се пласираат на идниот Мундијал. Летонците преку Икауниекс промашија пенал, а потоа Черномордијс си постигна автогол за водство на Албанија. Истиот играч погоди и во противничката мрежа на крајот на првиот дел. Во второто полувреме немаше промена на резултатот.
Во останатите мечеви во квалификациите, Австрија убедливо славеше на гостувањето кај Сан Марино со 0-4 со головите на Арнаутовиќ два пати, Грегорич и Баумгартнер. Дополнително Арнаутовиќ промаши пенал. Холандија немаше апсолутно никакви проблеми во мечот против Малта победувајќи со убедливи 8-0. Стрелци на головите беа Депај два, и по еден Ван Дајк, Симонс, Мален два, Ланг и Ван дер Вен. Романија исто така на домашен терен лесно го реши Кипар со 2-0 со головите на Танасе и Ман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

