Ливерпул очигледно е подготвен да направи целосна реконструкција на тимот ова лето. Откако веќе го завршија феноменалниот трансфер на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, пристигна и Џереми Фримпонг од истиот клуб, но тоа не е крајот.
„Црвените“ бараат опција во нападот бидејќи очигледно ќе останат без двајца напаѓачи ова лето. Дарвин Нуњез доби понуда од Ал Хилал, која вклучува неделна плата од 600.000 евра, а Луис Дијаз е исто така блиску до заминување. Се проценува дека Ливерпул би можел да заработи околу 150 милиони евра од овие два трансфера, приближно колку што платија за Вирц и Фримпонг.
Тие заработија и десет милиони евра од продажбата на Трент Александар Арнолд во Реал Мадрид, како и 18 милиони евра од продажбата на голманот Келехер во Брентфорд.
Во суштина, Ливерпул има простор за уште еден квалитетен договор ова лето, а тие се насочија кон нова цел.
Медиумите на Островот објавуваат дека голема желба на Ливерпул е 22-годишниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, а тренерот Арне Слот максимално високо ги цени игрите на овој играч.
Баркола ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, а зад себе има фантастична сезона во која постигна 21 гол и додаде 19 асистенции во 58 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања.
Споменатиот фудбалер често беше поврзуван со Баерн, а сега и Ливерпул е подготвен да влезе во трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

