Манчестер Јунајтед го осигура потписот на Матеус Куња, кој од денеска и официјално е нов член на „црвените ѓаволи“ по комплетирањето на 63 милиони фунти вредниот трансфер од Вулверхемптон.
Бразилецот постигна 33 гола на одиграните 92 средби за „волците“, офанзивецот во меѓувреме се избори и за место во бразилскиот национален тим, а по потписот за Јунајтед не криеше дека со нетрпение го очекува стартот на новата авантура во кариерата.
„Тешко е со зборови да се опише како се чувствувам во моментов. Од дете во Бразил ја гледав Премиер-лигата на ТВ во куќата на мојата баба, Јунајтед беше мојот омилен англиски клуб, а сега добивам шанса да заиграм за овој гигант. Сонував еден ден да го облечам овој црвен дрес, голема благодарност до моето семејство и до сите кои ми помогнаа овој сон да стане реалност“, истакна Куња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

