Манчестер сити по лошата сезона, ова лето планира серија нови засилувања како тимот под палката на Пеп Гвардиола повторно би можел да се бори за трофејот во Премиерлигата.
„Граѓаните“ во зимскиот преоден рок потрошија 224 милиони евра, купувајќи ги Омар Мармуш за 75 милиони, Нико Гонзалес за 60, Абдукадир Кушанов за 46, Витор Реис за 37 и Јума Бах за шест милиони евра, а сега потпиша и Тијани Рејндерс за 55 милиони евра, Рајан Алт-Нури за 36,8 милиони и Рајан Черки за 36,5 милиони евра.
Зимските засилувања не помогнаа да се дојде до трофејот, па поради тоа тренерот Пеп Гвардиола побара нови фудбалери, а клубот веднаш се активира на трансфер-маркетот.
Но, Гвардиола на раководството на клубот и јавно му се закани дека ќе замине ако не се намали екипата.
„Барам помал тим или ќе си заминам. Не сакам да морам да испраќам пет или шест играчи на трибините на секој натпревар.“
Ова го изјави тренерот на клубот кој, во исто време и за помалку од половина година, донесе девет играчи за кои мора да плати 346 милиони евра отштета.
Сега, по зборовите на Пеп, треба да следи подеднакво големо чистење на соблекувалната. Засега, само тројца се отпишани: Џејк Грилиш, донесен пред четири години за 118 милиони евра, Кајл Вокер и Џејсон Мекарти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

