Лука Јокиќ, еднаш најбараниот голгетер на светот кој во 2019 година реализираше трансфер вреден 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт во Реал Мадрид сега е слободен играч откако му истече договорот со Милан и слободен да ја бира новата средина.
Голема е веројатноста дека тоа ќе биде Мексико каде за 27-годишниот Србин постои сериозен интерес од страна на Круз Азул. Мексиканскиот клуб е подготвен да му ги исполни желбите на напаѓачот – годишна плата од околку четири милиони евра и милионска премија за потпис со оглед на тоа што клубот нема да исплаќа обесштетување.
Најголемиот проблем со кој се соочува Јовиќ во моментот е дозволата од сопругата, Софија Милошевиќ која го следеше во досегашниот дел од кариерата. Преселба во Мексико би можела да донесе и стагнација на нејзината кариера како модел, како и дополнително да ги закомпликува семејните обврски па одлуката за трансфер во Јужна Америка ќе биде заедничка.
Јовиќ има опција да ја продолжи кариерата во Европа каде за негов ангажман се заинтересирани Штутгарт и Реал Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

