Челси го купи за над 70, а сега ќе го продава за само 5 милиони фунти и тоа на ривалот

Трансферот на голманот Кепа Аризабалага во Арсенал е речиси готова работа. Целиот трансфер треба да чини пет милиони фунти, или речиси 67 милиони фунти помалку отколку што Челси плати за неговиот потпис во 2018 година.

Кепа не се снајде најдобро во таборот на „сините“, па беше испраќан на разни позајмици. Минатата сезона ја мина во Борнмут, а сега „сините“ не сакаат повеќе позајмица, па се подготвуваат за перманентен трансфер.

Кепа треба да биде втора опција за Арсенал, а прв ада остане Давид Раја.

Челси му плати на Атлетик Билбао во 2018 година цели 72 милиони фунти за потписот на Кепа. Тој и натаму го држи рекордот на најскап голман во историјата на фудбалот.

Се вчитува...