Ливерпул е крал на преодниот рок засега. Тие веќе потрошија, ако се брои и трансферот на Мамардашвили од минатото лето (Грузиецот сега пристигнува на „Енфилд“), околу 200 милиони евра, од кои поголемиот дел отидоа во рекордниот трансфер на Флоријан Вирц. Пристигна и неговиот поранешен и сегашен соиграч Фримпонг. Секако, продажбата е занемарлива, иако од Реал зедоа 10 милиони за слободниот Александар-Арнолд да игра на Светското првенство за клубови, а ирскиот резервен голман Келехер донесе дури 15 милиони со преселбата во Брентфорд.
Тоа не е сè, сепак, не е ни блиску. Милош Керкез е пред вратата, цената е околу 50 милиони евра. Ако Енди Робертсон оди во Атлетико, тогаш Цимикас останува како алтернатива на Керкес, ако Шкотланѓанецот остане, Гркот ќе го напушти северозападниот дел на Англија.
Но, навивачите се заинтересирани за напаѓач. Јасно е дека Нуњез си заминува, Наполи е целта, но многу се зборува за цената на Уругваецот, кој беше оценет како неуспешна инвестиција на „Енфилд“. Тој самиот им се довери на уругвајските медиуми дека едвај чека да си замине, но не во Саудиска Арабија, каде што има профитабилни понуди.
Ливерпул сака да ги искористи тие пари за да го доведе Исак, но тоа е тешка цел, Њукасл не размислува да го пушти Швеѓанецот дури ни за 200 милиони, како што рекоа. Тој би можел да остане и да пристигне на Енфилд следната сезона, но се поставува прашањето што би направиле „Црвените“ во овој преоден рок.
Се споменува Кудус од Вест Хем, но тој не е централен шпиц. Исто така цел е Екитике од Ајнтрахт, меѓутоа неговата цена изнесува 90 милиони евра. Ѓокереш наводно не е опција. Во комбинација влегува и Дејвид, но тој сака во Јувентус.
Исто така Ливерпул сака да се засили и со стопер. Заасега најново име ко се поврзува е Хата од Ајакс, и тоа по препорака на капитенот Вирџил Ван Дајк.
Во секој случај, преодниот рок за Ливерпул и натаму не е затворен, а ако продолжи вака, тогаш тимот ќе го има еден од најспектакуларните трансфер периоди во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

