ОФИЦИЈАЛНО: Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо го продолжи договорот со клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср.

Неверојатниот Португалец потпиша договор со клубот од Саудиска Арабија до 2027 година, што значи дека и дефинитивно ќе настапи за Португалија на Светското првенство следната година во САД, Мексико и Канада.

Тој потпиша за Ал Наср во јануари 2023 година и оттогаш одигра 105 натпревари и постигна 93 гола. Моментално е на 938 гола во кариерата.

Минатата сезона постигна 35 гола на 41 натпревар и имаше четири асистенции.

Се вчитува...