Златан Ибрахимовиќ, поранешниот легендарен фудбалер застана во одбрана на Лионел Меси по преубедливиот пораз на Интер Мајами од 4-0 против ПСЖ на ФИФА Светското клупско првенство.
Според Ибрахимовиќ, Меси се уште игра на високо ниво, но игра во циркузантски тим каде не може да дојде до израз неговата класа. Доколку игра за Манчестер, ПСЖ… и за соиграчи ги има Роналдо, Мбапе, Халанд… тоа би било потполна спортивност.
„Пораз на Меси? Не, не, поразот не е негова вина. Не загуби Меси, загуби Интер Мајами. Ова ли е екипа? Меси игра со статуи, а не со соиграчи. Да игра во вистински тим во Париз, Манчестер, во било кој голем клуб тогаш би виделе еден вистински лав.
Меси игра само затоа што го сака фудбалот, бидејќи се уште е подобар од 99 отсто од фудбалерите на светот. Но, опкружен е со играчи кои трчаат како на грбот да носат вреќи цемент. Нема тренер, нема ѕвезди, нема ни соиграчи кои знаат како да се движат без топка. Не е тој крив.
Да игра заедно со Роналдо, со Мбапе, со Халанд, со Златан тоа би било друго. Овој не е тој Меси кој го познавам, тоа е голем дух кој игра во циркуз. Ако му дадете силен тим тој повторно ќе го запали стадионот. Бидејќи едноставно… Меси и понатаму е Меси“, изјави Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

