ФИФА Светското клупско првенство за прв пат оваа година беше промовирано во нов концент кој наиде на поделба на мислењето на јавноста. Додека многумина фанови се возбудени за интересните натпревари во текот на летниот период, бројни тренери ја оспоруваат одлуката за продолжување на сезоната.
Јирген Клоп испрати жестока реакција велејќи дека дополнителни натпревари додаваат луѓе кои немаат никаква врска со тоа што се случува на теренот, а сега и целата ситуација ја прокоментира Пеп Гвардиола.
„Не ме изненадува таа изјава. Го разбирам, го почитувам. Но, ние имаме работа, во ФИФА, во УЕФА, во Премиерлигата, во сите натпреварувања, а тренерите не ги организираат натпреварувањата. Многу клубови се жалат на овој турнир, но ете ние сме тука и горди сме на тоа.
Одиме натпревар по натпревар, месец по месец. Мжеби во декември, јануари или февруари ќе биде права катастрофа. Ќе бидеме исцрпени. Можеби Светското клупско првенство ќе не уништи. Не знам. Ова е првиот пат да се сретнеме со нешто вакво. Би сакал да имам два месеци за подготовка за новата сезона. Сакам поголем одмор за новата сезона, но тоа е што е“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

