Арсенал ова лето ќе се обиде да се засили со Еберечи Езе, англиската ѕвезда на лондонскиот ривал Кристал Палас кој се смета како идеално засилување за левата крилна позиција.
Двата клуба се веќе во преговори за трансфер кој би бил во вредност од околку 70 милиони евра. И самиот 27-годишен фудбалер преферира трансфер во Арсенал отколку во Тотенхем, вториот клуб кој е заинтересиран за негов ангажман.
Арсенал е добро познат за Езе кој настапуваше во младинските категории на „топчиите“. Покрај за Кристал Палас овој фудбалер во текот на серниорската кариера настапуваше и за ПКР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

