Нова сензација: Ал Хилал го елиминираше Манчестер Сити од Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Ал-Хилал ја приреди втората голема сензација на Светското клупско првенство. Откако прво Флуминензе го елиминираше Интер, сега тимот од Саудиска Арабија го исфрли еден од фаворитите за освојување на турнирот, Манчестер Сити победувајќи го со 3-4 дури по продолженијата.

Ова се случи во апсолутно луд натпревар, кој заврши со победа на тимот предводен од Симоне Инзаги по продолженијата. „Граѓаните“ поведоа во 9-тата минута со голот на Бернардо Силва , а во првото полувреме целосно доминираа, пропуштајќи уште неколку прекрасни шанси. Сепак, во второто полувреме, Ал-Хилал направи пресврт со головите на Маркус Леонардо во 47-тата минута и Малком во 52-тата минута. Ерлинг Халанд повторно го врати изедначувањето во 55-тата минута и со резултат 2:2 натпреварот отиде во продолженија. Таму, драмата продолжи и Саудијците повторно поведоа со голот на Калиду Кулибали во 94-тата минута, но во 104-тата минута стигнаа до ново реми по прецизниот удар на Фил Фоден . Победничкиот гол за Ал-Хилал беше постигнат во 113-тата минута, а негов автор повторно беше Маркус Леонардо.

Мечот изобилуваше со многу шанси, особено од Манчестер Сити, а првата интервенција Едерсон ја имаше дури по продолженијата. Савињо, Гундоган, Доку… имаа прилики многу порано да го решат противникот, но на голот несовладлив беше Боно кој одбрани неколку удари, па така на крајот следуваше казна. Мароканскиот голман на оваа средба според статистиката запиша дури 10 одбрани.

Пеп Гвардиола на крајот од мечот имаше многу замерки кон делењето на правдата.

Сите интересни моменти погледнете ги на следниот ЛИНК.

Се вчитува...