Арсенал се насочи кон напаѓачот на Челси

Откако се чини пропаднаа преговорите за доведување на Виктор Ѓокереш, Бенјамин Шешко и Хуго Екитике од различни причини, Арсенал сега ќе пазари голгетер од Челси.

Според англиските медиуми, „топчиите“ започнале да работат на трансфер на Нони Мадуеке од Челси. Топџиите се заинтересирани да го потпишат 23-годишниот крилен напаѓач на Челси, и веќе испратиле понуда.

Со оглед дека лондонските „сини“ веќе го ангажираа Жоао Педро, сега ќе може да си дозолат да го пуштат Мадуеке.  Челси наводно бара сума од 50 милиони фунти за својот играч, кој во минатата сезона постигна седум голови и три асистенции во 32 меча во Премиерлигата.

Се вчитува...