Жоао Педро, бразилскиот напаѓач од денеска и официјално е нов фудбалер на Чесли потпишувајќи седумгодишен договор. Во „сините“ редови се сели од Брајтон за 55 милиони евра со можност трансферот да се зголеми за дополнителни пет милиони евра со бонуси.
Челси кој настапува на ФИФА Светското клупско првентво и го очекува четвртфинален натпревар против Палмеираш на несекојдневен начин го претстави новото засилување, објавувајќи видео од плажа насловено „Момчето од Бразил“.
Она што е интересно, трансферот е комплетиран во вториот преоден рок од ФИФА за клупскиот мундијал, па Бразилецот веќе отпатува за САД каде ќе му се приклучи на новиот тим. Тој ќа има и неколку тренинзи со новите соиграчи, по што ќе му биде на располагање на Мареска за дуелот со Палмеираш.
The boy from Brazil. 🇧🇷 pic.twitter.com/lVM8B9TlBV
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

