Жота играше против Македонија во баражот за СП 2022, славеше пласман на Мундијалот со Роналдо

Светот на фудбалот е во шок по веста за смртта на Диого Жота. Фудбалерот на португалската репрезентација и на тимот на Ливерпул, загина утрово во страшна сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат Андре, откако нивниот автомобил излетал од патот и се запалил.

Жота во март 2022 година играше и против Македонија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Тој беше стартер во нападот заедно со Роналдо и Отавио, а потоа во вториот дел ја напушти играта.

На тој меч Португалија славеше со 2-0, по што славеше пласман на Мундијалот заедно со еден од најдобрите играчи на денешницата, Кристијано Роналдо.

Пред неколку недели се закити и со трофејот во Лигата на Нации со својата репрезентација, како и титулата во Англија со Ливерпул.

Се вчитува...