Барнли експресно успеа да се врати назад во Премиер-лигата, а раководството на овој клуб е на добар пат да го доведе и првото звучно засилување.
Кајл Вокер во следните 48 часа би требало да го комплетира трансферот во редовите на Барнли откако англискиот дефанзивец веќе ги договори личните услови со овој клуб. Пеп Гвардиола не смета на услугите на Вокер, а двата клуба се пред договор за трансфер од вкупна вредност од пет милиони фунти за искусниот дефанзивец.
Вокер го мина вториот дел од ланската сезона на позајмица во Милан, „росонерите“ на крајот решија да не го откупат неговиот договор со Сити, па поранешниот фудбалер на Тотенхем сега е пред камбек во Премиер-лигата.
Дел од тимот на Барнли е и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, но тој минатата сезона беше испратен на позајмица во Јагиелонија и се очекува повторно да биде отстапен на друга екипа, без воопшто да добие шанса за докажување во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

