Црвена Звезда, Олимпијакос, се само дел од тимовите кои се заинтересирани за услугите на српскиот крилен фудбалер Душан Тадиќ, кој е слободен агент, откако си замина од Фенербахче.
Сепак, сега име на еден нов клуб се појавува како фаворит за неговиот потпис. Станува збор за швајцарскиот тим Цирих, кој сака да го донесе Србинот во своите редови.
Ако се има во предвид дека неговиот менаџер е воедно и спортски директор на овој клуб, тогаш сликата е јасна. Дека голема е веројатноста да се пресели во Цирих, зборува податокот дека тренер на овој тим е Мичел ван дер Таг, кој беше тренер на вториот тим на Ајакс, во миговите кога Тадиќ беше капитен на тимот од Амстердам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

