Арсенал заврши фантастична работа на пазарот на стартот од овој преоден рок, денеска беше официјализирано доаѓањето на Зубименди од Реал Сосиедад, а договорен е и вториот мегатрансфер со кој Микел Артета ќе добие моќен тим за напад на шампионската титула.
Виктор Гијокереш е втората желба на Артета што управата на „топчиите“ ќе му ја исполни на шпанскиот стручњак, откако Арсенал конечно се договори со Спортинг Лисабон околу отштетата за мегатрансферот на шведскиот голгетер. Самиот фудбалер уште пред една седмица ги договори личните услови со Арсенал и ги прекина преговорите со сите останати заинтересирани клубови, но трансфер-сагата се одолговлечи поради инсистирањето на Спортинг за повисока отштета од оние 70 милиони евра, колку што се тврдеше дека изнесува клаузулата за Швеѓанецот.
Арсенал на крајот попушти, давајќи зелено светло за трансфер вреден 80 милиони евра од кои 65 милиони се загарантирани, а 15 милиони поврзани со клаузули, по што Спортинг ја прифатил начелно понудата, па останува само уште да се договори динамиката на исплатата пред да биде комплетиран овој мегатрансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

