Фенербахче прави сериозен ремонт во нападот со заминувањата на Един Џеко и на Тадиќ, но Жозе Мурињо успеа да најде топ-голгетер како замена за двајцата ветерани.
Нов член на Фенербахче од денеска е доскорешниот соиграч на Кристијано Роналдо од Ал Наср, колумбискиот интернационалец Џон Дуран. Младиот и перспективен напаѓач блескаше во дресот на Астон Вила на стартот од ланската сезона, по што ја прифати богатата понуда за преселба во Саудиска Арабија за огромни 77 милиони евра.
Сепак, Дуран не се снајде најдобро во Ал Наср и штом му се укажа шанса реши да се врати назад во Европа, и тоа на позајмица во Фенербахче. Мурињо инсистираше, а газдите на Фенер му ја исполнија желбата, плаќајќи огромни 10 милиони евра за едногодишната позајмица на овој одличен напаѓач, кој дефинитивно ќе биде значаен адут на „специјалниот“ во атакот на трофеи во наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

