Мексико го одбрани трофејот во Голд купот

Репрезентацијата на Мексико по 13. пат го освои трофејот во Голд купот откако во големото финале одиграно изминатата вечер славеше против Соединетите американски држави со 2-1 и тоа по целосен пресврт.

Домаќините на турнирот поведоа во 4. минута од средбата преку Ричардс, но водството на САД траеше само до 27. минута кога Хименез изедначи на 1-1. Целосниот пресврт беше комплетиран во 78. минута кога мрежата ја затресе Алварез.

Се вчитува...