Мурињо го засили Фенербахче со играч кој вреди 70 милиони евра

Поранешниот напаѓач на Астон Вила, Џон Дуран, официјално потпиша за Фенербахче , објави клубот. 23-годишникот се приклучи на Ал-Наср од Вила Парк во јануари за околу 70 милиони евра, каде што постигна 12 гола на 18 натпревари за само шест месеци.

Сепак, ова лето тој изненадувачки одлучи дека сака да се врати во Европа и да игра во Лигата на шампионите. Токму оваа можност му ја даде гигантот од Истанбул, чиј тренер е Жозе Мурињо.

Тој пристигнува кај „жолтите канаринци“ како позајмен играч, а сè уште не е јасно дали договорот вклучува опција за негово враќање на крајот од сезоната. Ова е воедно и еден вид одговор од раководството на Фенербахче до ривалот Галатасарај, кои веќе го потпишаа Лерој Сане и се очекува да успеат да го купат плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханоглу, во наредните денови .

Се вчитува...