Пјер-Емерик Обамејанг не се снајде добро во Саудиска Арабија и не е исклучено наскоро таму да го раскине договорот со Ал Квадсија.
36-годишниот напаѓач замина во Саудиска Арабија по импресивната сезона со Олимпик Марсеј, постигнувајќи 30 гола на 51 натпревар, по што следеше трансфер во Ал Квадси.
Иако потпиша двегодишен договор, тој би можел да ја прекине соработката со арапскиот клуб веќе ова лето, по една сезона.
Според различни извори, тој наводно има понуди од МЛС, како и од француската Лига 1, турската Суперлига, па дури и од Серија А, но не ги откри конкретните имиња на клубовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

