Новото засилување на Челси, Жоао Педро за кој „сините“ издовија 60 милиони евра е подготвен да го одигра првиот натпревар како стартер за својот нов клуб во полуфиналето на ФИФА Светското клупско првенство против Флуминенсе.
Лијам Делап е суспендиран поради жолти картони, а Николас Џексон се враќа по сопствена суспензија па се отвори шанса Бразилецот веќе на вториот натпревар да биде прв избор, за што како што вели работел напорно и за време од одморот по долгата сезона.
„Пред да пристигнам тука во Рио тренирав со сопствен тренер и со цел да бидам подготвен. Замислете да не тренирав, а Челси да ме повикаше, ќе беше пеколно тешко. Бев на одмор со семејството и пријателите, но се потрудив да останам во форма“, открива Педро.
„Знаев дека Челси е заинтересиран за мене па тренирав уште посилно. И кога ме повикаа бев подготвен. Не бев на 100 отсто, но бев подготвен за тренинг и евентуален натпревар. Секогаш тренирам кога сум на одмор. Дали ќе играм од почетокот или не тоа не е моја одлука, но се обидувам да напредувам да бидам подготвен кога Мареска ќе ме повика“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

