Истрагата утврди: Ова е причината за страшната сообраќајна несреќа на Жота

Помалку од една седмица по големата трагедија во која животот го загубија Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, шпанските власти излегоа и со први резултати од истрагата за страшната сообраќајна несреќа.

Трагичниот настан се случи на автоматот А-52 кон Бенавенте, десетина километри по португалско-шпанската граница. Браќата биле во возило „Ламборџини Хуракан“ што било изнајмено специјално за ова патување и со кое требало да пристигнат до Сантандер, од каде требало со брод да отпатуваат за Англија.

Според шпанските власти, нема никаков сомнеж дека преголема брзина на возилото е причина за трагедијата. Ограничувањето на тој дел од патот изнесува 120 километри на час, а иако не се наведува колку точно се движел автомобилот – истрагата утврдила дека станува збор за бројка далеку над дозволеното.

Како што веќе беше објавено, причина за несреќата е пукање на гума во обид за претекнување на друго возило, по што возачот Диого Жота загубил контрола, излетал од патот, по што автомобилот се запалил и двајцата фудбалери починале на лице место.

Се вчитува...