Синот на Петр Чех ќе брани за Фулам

Синот на поранешниот голман на Челзи, Арсенал и Чешка, Петр Чех , Дамијан Чех, потпиша договор со лондонскиот фудбалски клуб Фулам , објави тој на својот Инстаграм профил. Условите на договорот со 16-годишниот голман не беа откриени.

Тој беше дел од Академијата на Челси, пред да се пресели во Фулам, а сега го стави потписот на професионален договор.

За време на својата фудбалска кариера, Петр Чех играше и за чешката Спарта Прага и францускиот Рен. Со Челси четири пати го освои првенството и Купот на Фудбалската асоцијација, а по еднаш беше победник на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Четири пати беше прогласен за најдобар голман на годината од страна на УЕФА. Петр Чех има 124 натпревари за чешката репрезентација, што е рекордно достигнување.

Се вчитува...