Порака од Слот до Жота која ги полни очите со солзи: Диого, имавме ист сон и заедно го исполнивме…

Извршниот директор на Ливерпул Мајкл Едвардс, левиот бек Енди Робертсон и тренерот Арне Слот, положија цвеќе на Енфилд, во спомен на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајка во Шпанија во четвртокот наутро.

Слот пристигна со својата сопруга да положи цвеќе, и да му напише порака, која беше срцепарателна.

„Диого. Имавме ист сон и заедно го исполнивме. Андре и ти засекогаш ќе бидете во нашите срца. Арне“, стои во пораката на Слот.

Се вчитува...