Вистинска драма во Реал Мадрид, клубот ги откажа сите медиумски активности пред ПСЖ

Драма го зафати фудбалскиот клуб Реал Мадрид пред нивното заминување во Њујорк, каде треба да го играат полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство против ПСЖ.

„Кралевите“ ги претрпе последиците од силната бура во Палм Бич. Лошото време го спречи нивното патување кон Њујорк. Чартер летот беше привремено задржан на меѓународниот аеродром Палм Бич, и чекаа зелено светло за да отпатуваат, и да может да го исполнат распоредот на тимот, кој вклучува настани како прес-конференции и интервјуа со медиумите на стадионот „МетЛајф“.

Кралскиот клуб не пристигна навреме, па ја извести ФИФА дека мора да ги откаже сите обврски. Авионот полетал со еден час задоцнување, а патувањето траело два и пол часа. Дополнително, поради метежот при слетувањата, авионот морае да почека да добие зелено светло, со оглед дека не пристигна на аеродромот според привичниот план.

Клубот најпрво ја одложи, а потоа ја откажа планираната прес-конференција.

За разлика од нив, ПСЖ тренираше влера наутро на Универзитетот „Ратгерс“ во северниот дел на Њу Џерси, додека Реал Мадрид остана во Палм Бич и таму се подготвуваше за полуфиналето.

Побендикот од овој натпревар ќе игра со Челси во финалето. Дуелот почнува вечерва во 21:00 часот по македонско време.

Се вчитува...