Мареска: Ова е големо достигнување за Челси

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, се огласи по победата на неговиот тим од 2-0 во првото полуфинале на Светското клупско првенство против Флуминенсе.

„Сините“ во финалето ќе се соочат со европски тим, а вториот патник ќе го даде втората полуфинална пресметка помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ која се игра вечерва во 21:00 часот.

„Да бидам искрен, ми се допадна сè. Тоа е големо достигнување, фантастична сезона – завршивме меѓу првите 4 во Премиер лигата, ја освоивме Конференциската лига, сега сме во финалето на ова натпреварување – многу сме среќни! Играме натпревар по натпревар. Сега е важно дека сме во финалето, имаме меч за трофеј, па ќе видиме како ќе се справиме“, рече Мареска кој го коментираше второто полуфинале. 

„Играат два врвни тима. ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Реал Мадрид беше првак минатата година. Ова се врвни тимови, и мило ми е што дојдовме до финале“, изјави Мареска.

Се вчитува...