По срамниот скандал кој го приреди на денот на погребот на Диого Жота, сега ќе мора да замине од Ливерпул!

Луис Дијаз најверојатно ќе го напушти Ливерпул ова лето по срамниот чин што го направи минатата недела на денот на погребот на неговиот соиграч Диого Жота.

Дијаз се најде на мета на жестоки критики затоа што не се појави на погребот на својот соиграч Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој трагично загина минатата недела во сообраќајна несреќа. Речиси целиот тим на Ливерпул пристигна во Португалија во саботата за погребот на Жота и неговиот брат, но многумина веднаш забележаа дека Дијаз не е таму.

Она што предизвика гнев и негодување кај навивачите на Ливерпул е тоа што Дијаз, ајде што не присуствуваше како соиграчите на погребот, одлучувајќи да остане во Колумбија, туку и на самиот ден на погребот присуствуваше на забава од која протекоа бројни видеа. Навивачите на Ливерпул не можат да му простат за тоа.

Навивачите на „Црвените“ бараат клубот да го продаде Дијаз што е можно поскоро и се чини дека нема начин тој да се врати во Ливерпул.

Интерес за колумбискиот напаѓач покажаа Барселона и Баерн, кои сакаат да ја искористат неговата лоша актуелна ситуација на Енфилд за да го купат бидејќи се свесни дека Ливерпул ќе ја намали цената ако си замине.

Угледниот „Билд“ пишува утрово дека Дијаз веќе дал зелено светло за трансфер во Баерн Минхен, кој е подготвен да плати 60 милиони евра плус дополнителни бонуси. Веруваат дека Ливерпул ќе се согласи на тоа, и дека сè може да се реши во наредните денови.

Во Ливерпул мора да решат сè пред почетокот на подготвителните натпревари, бидејќи се свесни дека навивачите повеќе не сакаат да го видат Дијаз во дресот на англискиот клуб.

Инаку, Дијаз пристигна во Ливерпул пред три години од Порто за 54 милиони евра, а за овој клуб одигра вкупно 148 натпревари во кои постигна 41 гол и додаде 23 асистенции.

Се вчитува...