Арсенал беше подготвен за славје, но пак остана со празни раце

Арсенал веќе осигура неколку важни потписи овој преоден рок, но „џек-потот“ наречен Виктор Гијокереш беше најавен за денеска, откако директорите на лондонскиот клуб отпатуваа во Лисабон на уште една рунда разговори со челниците на Спортинг. Сепак, „топчиите“ со празни раце експресно се вратија назад во Лондон, видно разочарани што раководството на Спортинг во последен момент ги смени условите што ги бара за продажба на својот најдобар фудбалер.

За потсетување, агентот на Гијокереш инсистира дека има договор со Спортинг шведскиот голгетер да биде продаден за 60 милиони евра фиксна сума плус 10 милиони преку клаузули, нешто што раководството на португалскиот клуб категорично го демантираше. Спортинг не сакаше да отстапи, па Арсенал на крајот понуди 65 милиони евра загарантирана сума плус 15 милиони преку клаузули, по што беше најавено дека двете страни се пред целосен договор.

Утринските преговори требаше да бидат за услогласување на клаузулите, но „топчиите“ останале шокирани кога Португалците на самиот старт од разговориле ја кренале фиксната сума на 70 милиони евра, додавајќи преостанатите 10 милиони да бидат врзани со лесно остварливи клаузули.

Ставот на Арсенал е дека веќе се направени доволно отстапки во овие преговори и во моментов не се сака да се прифати најновата уцена од Спортинг, но со оглед на тврдоглавоста на португалскиот тим, се чини дека трансферот нема да биде реализиран доколку повторно не биде направена отстапка од премиерлигашот.

Се вчитува...