Огромно е разочарувањето во таборот на Реал Мадрид по синоќешниот дебакл откако „„кралевите“ беа декласирани со 4-0 од ПСЖ во полуфиналето од клупскиот мундијал.
Чаби Алонсо го претрпе првиот пораз како тренер на Реал, исклучително болен според начинот на кој неговиот тим беше надигран од страна на актуелниот европски првак.
„Стартот на мечот беше пресуден, тука беше направена клучната разлика. За девет минути примивме два гола, а потоа силен ривал како ПСЖ знае да го искористи тоа за уште повеќе да ве притисне. ПСЖ одигра одлично, тоа е проект што се гради две години, а ние сме тука кратко време, тоа беше очигледно на теренот. Мораме да работиме, да напредуваме, затоа што овој пораз боли. Ова ни покажа колку многу треба да работиме за да напредуваме. На играчите сега најмногу од се им треба одмор, но ќе се вратиме и ќе бидеме уште подобри“, изјави Чаби Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

