Нуњез се поблиску до заминување од Ливерпул

Италијанскиот шампион Наполи, кој очекува 75 милиони евра од продажбата на голгетерот Виктор Осимен, досега на засилувања потроши скромни девет милиони евра, колку што чинеше дефанзивецот Лука Маријанучи.

Белгискиот играч за врска Кевин де Брујне дојде во клубот како слободен играч, без обештетување. Бидејќи ќе има доволно пари за засилувања, Наполи сака да го доведе уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (26), кој падна во втор план во Ливерпул, објавија италијанските медиуми.

Клубот во подножјето на Везув понуди 50 милиони евра и уште пет милиони бонуси за Нуњез, кој минатата сезона постигна само седум гола. На уругвајскиот интернационалец му била понудена годишна плата од шест милиони евра.

„Црвените“ со задоволство би се ослободиле од Нуњез, за ​​кого на Бенфика и платија 85 милиони евра во 2022. Договорот на Уругваецот со Ливерпул истекува во јуни 2028 година, а претходно британските медиуми истакнаа дека клубот од „Енфилд“ ќе биде подготвен да ги разгледа понудите кои би биле најмалку 50 милиони евра.

Се вчитува...