Џорџе Петровиќ, српскиот голман кој официјално стана нов фудбалер на Челси пред самиот крај на преодниот рок летото 2023 година по нецели две години ќе замине од „Стемфорд Бриџ“ и ќе се пресели во Бормут, пренесуваат англиските медиуми.
И покрај тоа што Петровиќ имаше одлични настапи на голот на Челси, по пристигнувањето на Енцо Мареска стана прекуброен во „синиот“ состав па минатата сезона ја помина на позајмица во Стразбург каде на 31 одигран натпревар во Лига 1 прими 38 голови и 10 пати ја сочува мрежата недопрена.
Тој не е во плановите на Челси па лондонскиот клуб даде „зелено светло“ за реализација на трансферот кој се очекува да биде околку 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

