Екипата на Тотенхем сериозно се активираше на трансфер-пазарот откако за помалку од 24 часа успеа да осигура два значајни потписи за следната сезона.
Трансферот на Мохамед Кудус од Вест Хем е веќе официјализиран, а „спарси“ по репрезентативецот на Гана успеаја да го доведат во своите редови и Морган Гибс Вајт. Станува збор за повремен англиски репрезентативец кој имаше сезона за паметење во дресот на Нотингем Форест, откако дојде меѓу „шумарите“ од редовите на Вулверхемптон.
Воопшто нема потреба од преговори меѓу клубовите бидејќи Гибс Вајт има клаузула од 60 милиони евра што Тотенхем реши да ја активира. Самите преговори со фудбалерот завршија и повеќе од успешно, по што „спарси“ ги информирале „шумарите“ дека клаузулата ќе биде активирана, па се очекува во следните 48 часа и овој трансфер да биде официјално потврден.
За потсетување, лондонскиот клуб го откупи договорот на Матис Тел со Баерн Минхен, од претходно беше договорено летово да пристигна и младиот хрватски дефанзивец Вушковиќ од Хајдук, а Тотенхем го доведе во своите редови и Коту Такаи од Кавасаки за 5 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

