Паѓа рекорд во женскиот фудбал: Арсенал купува фудбалерка на Ливерпул за 1 милион фунти

И додека во машкиот фудбал веќе со години се споменуваат вртоглави цифри за играчи, во женскиот фудбал не е така. Дури сега, после долги години првпат еден клуб ќе исплати милионска сума за трансфер на фудбалерка.

Женскиот тим на Арсенал, ќе ја потпише фудбалерката на Ливерпул, Оливија Смит (20) за сума од 1 милион фунти.

Тоа ќе биде најголемиот трансфер во женскиот фудбал, надминувајќи го претодниот рекорд поставен во јануари, кога женската екипа на Челси плати 890.000 фунти за Наоми Гирма на Сан Диего Вејв.

Се вчитува...