Њукасл го потврди најголемиот трансфер летово (ФОТО)

Њукасл и официјално го промовираше напаѓачот Антонио Еланга како свое ново засилување во трансфер вреден 55 милиони евра.

Еланга, кој доаѓа од екипата на Нотингем Форест, потпиша петгодишен договор со Њукасл.

„Пресреќен сум. Тој беше една од најважните мети за нас и многу сум задоволен што успеавме да го доведеме на стартот од подготовките“ – изјави менаџерот на Њукасл, Еди Хау.

Еланга претходно во својата кариера беше дел и од Манчестер јунајтед, а сега во Њукасл ќе му се придружи на својот сонародник од репрезентацијата на Шведска, Александар Исак.

Се вчитува...