Трансферот на Морган Гибс-Вајт во Тотенхем е доведен во прашање бидејќи Нотингем Форест размислува за правна постапка против лондонскиот клуб и одбива да комуницира со победникот во Лига Европа.
Како што дознаваат британските медиуми, Форест ја прекинал секоја комуникација со Тотенхем.
Клубот од Сити Граунд смета дека Тотенхем незаконски контактирал со креативниот играч за врска, односно никогаш не добиле дозвола да преговараат со него, па дури потоа ја активирале откупната клаузула.
Тотенхем ја активираше откупната клаузула од 60 милиони фунти во договорот на Гибс-Вајт.
Форест, сепак, смета дека имало и повреда на доверливоста, бидејќи понудата на Тотенхем точно одговарала на висината на откупната клаузула, што укажува на протекување информации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

