„УЕФА ја направи една од најголемите неправди во историјата на фудбалот!“

Претседателот на Кристал Палас, Стив Периш, ја осуди одлуката на УЕФА да го пресели неговиот клуб од Лига Европа во Конференциската лига, велејќи дека тоа е една од најголемите неправди во историјата на европскиот фудбал.

УЕФА донесе одлука во петокот да го пресели Кристал Палас во најслабото европско натпреварување поради прекршување на правилата за сопственост на повеќе клубови во исто натпреварување. Сопственикот на Палас, Џон Текстор е и прв човек на Лион, кој исто така се квалификуваше за Лига Европа, завршувајќи ја сезоната во Лига 1 на шестото место.

Сепак, Лион се најде пред испаѓање поради финансиски проблеми, но на суд успеа да обезбеди опстанок во елитното друштво, што значеше дека и следната сезона ќе игра европски фудбал.

УЕФА на тој начин му донесе предност на францускиот клуб во однос на Палас, со оглед на тоа што пласманот низ лигата се цени повеќе од освојувањето на пехарот, кој на лондонскиот тим му донесе пласман во Европа.

Периш изјави дека тоа е неправедна одлука, која се надева дека ќе биде сменета.

„Ова е една од најголемите неправди што се случиле во историјата на европскиот фудбал. Затоа ќе поднесеме жалба до Судот за спортска арбитража. Ова е тажен ден за фудбалот и верувам дека сите вистински фудбалски фанови ќе ја препознаат неправдата“, изјави Периш. 

Се вчитува...